Трет по ред лет со заразени лица

Од вкупно 115 патници, 12 позитивни на ковид-19 пристигнале од Скопје во Турку

Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку биле позитивни на ковид-19, соопштија финските власти.

На летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. На сите патници им се издадени писмени наредби за домашен карантин, што ќе го надгледуваат локалните власти.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на ковид-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет.

Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на корона вирус.

Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Финските власти не соопштија детали за здравствената состојба на заразените и колку од нив се хоспитализирани, но најавуваат можна промена на режимот на патување со високоризичните земји, меѓу кои ја вклучуваат и Северна Македонија.

Загриженост поради зголемниот број импортирани случаи на Ковид-19 изрази и градоначалничката на Турку, Мина Арве. Побара да се размисли за воведување задолжителен негативен тест за сите кои влегуваат во Финска, како и други ограничувања за патниците кои доаѓаат од ризични земји.

Министерката за внатрешни работи Марија Охисало изјави дека владата бара најефикасни начини за да се спречи ширењето на корона вирусот. Најави и можна привремена забрана на летовите од земјите со висок ризик од ковид-19, како и изготвување регистар на држави и нивно групирање во црвена, зелена и жолта зона.

Оние што пристигнуваат од црвените зони ќе бидат задолжително тестирани и ставени во карантин, а за патниците од жолтите области, ќе има само карантин. Во зелената група се земји кои во период од две недели имаат помалку од осум инфицирани на 100.000 жители луѓе и за нив ќе нема ограничувања за влез во Финска. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе