Време

Од утре стабилно и суво со пониски утрински температури

Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на наредната недела. Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.

Утринската температура утре ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната од 11 до 19 степени.

Во недела утринската од минус четири до четири, дневната од 15 до 21, во понеделник утринската ќе биде од минус четири до пет, дневната од 15 до 20, во вторник утринската од минус три до шест и дневната од 14 до 19 степени, среда утринската од минус три до шест, со дневната температура од 11 до 18 и во четврток утринската ќе се движи од минус три до два, а дневната максималната од 10 до 17 степени.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе