АМСМ информира

Утре завршува обврската за носење зимска опрема во возилата

Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани. Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градовите е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе