Од утре забрането движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот, казната е 1.500-2.000 евра

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае сѐ до нејзино отповикување, информираат од Владата.

Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.
 За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Исто така, се известуваат сите граѓани дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.
За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице.  

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП “Национални шуми” кои вршат дејност заштита, МВР и  Шумската полиција.

 

 

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе