УХМР

Од утре потопло и стабилно време

Времето од утре ќе се стабилизира, а брз ќе биде и порастот на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Денеска ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за изолирана појава на град.

Наместа ќе наврне поголема количина на воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе