Временска прогноза

Од утре пораст на температурите, но можна е магла по котлините

Попладне дождот ќе престане, а од утре се очекува стабилизација на времето со пораст на температурите и можна утринска магла по котлините.

Врнежите од дожд кои наместа се пообилни, во попладневните часови ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, а во Скопје 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

До 7 часот утрово, најмногу врнежи се измерени во Охрид, 11 литри на квадратен метар. Девет литри се измерени во Претор, седум во Дојран, пет во Маврово, четири во Лазарополе и Пожаране, три литри во Битола, Прилеп и Дебар, два литра на квадратен метар се измерени во Гевгелија и Крушево и по еден литар дожд е наврнат во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Ѓуриште, Демир Капија и Дојран.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе