Време

Oд утре дожд, грмежи, засилен ветер и сахарска прашина

Од утре па сѐ до вторник Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а во исто време ќе бидеме и под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните часови ќе условува зголемена облачност и развој на нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално поради загреаната атмосфера има услови процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 Целзиусови степени.

Поради релативно високата влажност на воздухот, но и поради нестабилноста ќе растат условите за позначителна спарина која особено кај метеопатите може да создава и здравствени проблеми. Исто така во атмосферата се наоѓа и незначително количество на сахарска прашина и песок, па така таму кај што ќе се појават врнежите, дожот ќе остави траги на нечистотија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе