Време

Oд утре до четврток пониски дневни температури и снег

Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до четврток следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време, со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладнево облачноста ќе се зголемува и од запад ќе почнат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат и поројни. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер, кој наместа ќе достигнува 80 километри на час. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови, каде што на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Утре дневните температури ќе се движат од 0 до 9 Целзиусови степени, за разлика од денес кога речиси во целата земја имаме дневни температури над 10 степени.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе