Управа за хидрометеоролошки работи

Oд понеделник темпаратурите ќе се спуштат до нула степени

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), соопштуваат дека врнежите од дожд наместа ќе бидат пообилни, околу 30 литри на метар квадратен. Врнежите локално ќе бидат проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса од северните делови на Европа ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.

Утринската температура ќе се движи од нула до 13 степени, а дневната од 11 до 25 степени.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе