Статистика за време на пандемија

Од јануари до 1 јуни 2020 во Македонија умреле 768 лица помалку од истиот период лани

Од јануари до 1 јуни годинава во Македонија умреле вкупно 8.334 лица. Истиот период лани таа бројка била 9.102. Или, за време на пандемијата во првите пет месеци од годинава умреле 768 лица помалку во споредба со истото петтомесечје од 2019.

Фото: Роберт Атанасовски

Во Македонија првиот случај на коронавирусот беше регистриран на 26 февруари. На 13 март беше прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, а првата вонредна состојба шефот на државата Стево Пендаровски ја прогласи на 18 март. За целиот овој период секојдневно се објавуваат бројките на новозаразени и починати лица од коронавирусот.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека и покрај пандемијата на ковид-19, не се забележани значителни отстапувања во бројот на смртните случаи во однос на истиот период од претходните години.

По месеци, лани во февруари во Македонија умреле 1.860 лица, а годинава 1.653.

Во март лани починале 1.903, а годинава 1.674.

И во април лани (1.644) починале повеќе отколку во април годинава (1.631).

Во мај разликата е уште поголема - лани умреле 1.827, а годинава 1.602.

За јуни и јули податоците сè уште не се готови.

А.Д.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе