По катастрофалната несреќа во Бугарија

Од Истанбул тргнале 4 автобуси кон Скопје, можно е патниците да се прекачувале од еден во друг

Тешко е да се идентификуваат телата на загинатите, јагленосани се и никој во моментов не може да каже ни колку се ни кои се, вели бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. 

Фото: ЕПА

Како што објавија бугарските медиуми, четири автобуси со македонски регистрации патувале од Истанбул кон Скопје и можно е при запирањата за одмор некои патници да се префрлале од еден автобус во друг.

Според Рашков, можно е некој да се прекачувал, па затоа тешко е да се каже точниот број на загинати. 

Четирите автобуси биле на иста компанија, а правеле пауза на бензинска станица пред Софија, и засега не е јасно дали во автобусот биле точно пријавените 52 патници или имало прекачување од еден во друг автобус. 

 
 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе