Време

Од денеска сончево и топло

 Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 32 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе спушти до 13, а дневната ќе достигне 29 степени. Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 25, Битола 28, Берово 24, Кавадарци 30, Дојран 32.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе