Од денеска летни температури до 33 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе