Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од денеска (понеделник) до 7 септември (среда) во периодот од 10 до 16 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово – Дебар ќе биде воспоставен времен режим-комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови – Жировница, информираше општина Маврово и Ростуше.
Според изведувачот на работите, градежното претпријатие „Пелагонија“ од Гостивар ќе се реализира испитување на мостовските конструкции на патот, во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“.