Временска прогноза

Oд четврток дожд, на повисоките места ќе врне снег

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини, а од четврток се очекува влажен бран кој ќе донесе дожд и снег на повисоките места, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. 

Утринските температури утре ќе се движат од минус 3 до 3 степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во Скопје утре утринската температура ќе биде нула степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе