Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
„Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштвото за градежништво Пелагонија АД, Гостивар“, се наведува во соопштението на АМСМ.