Кампања на Црвениот крст

Обновување на знаењата на возачите за давањето Прва помош по сообраќајки

Укажувањето прва помош на самото место по сообраќајна незгода треба да се подигне на повисоко ниво со оглед на фактот дека тоа е брза витална интервенција, чија цел е да се спаси човечки живот и да се намалат компликациите од настанатите повреди и инвалидитетот. За таа цел Црвениот крст од 15 јули ќе почне да спроведува бесплатна кампања под мотото „Твоето незнаење чини живот“, наменета за возачите.

Црвениот крст денеска ги промовираше целите на кампањата во рамките на која од 15 јули до 15 септември ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст и ќе бидат опфатени 8.000 возачи.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити на промоцијата на кампањата рече дека во 2016 година имало 165 жртви во сообраќајни несреќи и 5.971 повреден, во 2017 година имало 155 жртви и 6.224 повредени, а во 2018 година имало 133 жртви и 5.860 повредени.

„Меѓу главните причини за сообраќајните незгоди се вбројуваат брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, недржењето страна и правец на движење, непрописното движење и свртување, користењето мобилен телефон и управувањето под дејство на алкохол. Што се однесува до системот за обуки за Првата помош за возачи постојат одредени аномалии кои треба системот да ги надмине. Ние сме тука во улога на помагател на властите и за давање препораки со цел да се надминат слабостите. Целта на оваа кампања е да се обноват знаењата на возачите“, додаде Саити.

Пред промоцијата на кампањата се одржа симулација во живо на спот, кој потоа беше емитуван. Беа претставени и бренд амбасадорите на кампањата, манекенката Катарина Ивановска и водителката Анита Латифи.

Ивановска упати апел до возачите да ги посетат општинските организации на Црвениот крст каде ќе се одржат курсевите за пружање Прва помош по сообраќајни незгоди.

„Сообраќајните незгоди се наше секојдневие. Секој може да биде жртва и сведок, така што при пружање Прва помош шансите за преживување се 80 проценти, а незнаењето може да чини живот“, додаде Ивановска.

На промоцијата присуствуваа директорите на Здравствениот дом Скопје, како и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и познати личности.

МИА

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе