Време

Облачно, врнежливо, на планините снег

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.

Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 10 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 9, Битола 10.Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци и Дојран 14.

Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови. Утре дневните температури ќе се движат од -1 до 8 степени.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе