Облачно време, попладне со дожд

Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд. Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта, а врнежите од крајот на денот понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 7 до 19 степени.

Во Скопје не очекува слично време, претежно облачно, попладне со врнежи од дожд. Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Засилување на ветерот ќе има и преку ноќта и во понеделник, кога температурата ќе биде значително пониска. Во понеделник и вторник врнежите ќе бидат од снег и на некои пониски места особено во северните делови.

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе