Во Скопје претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во текот на работната недела времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Услови за локален дожд ќе има во среда.