Време

Облачно, ветровито и посвежо

Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 21 степен. Во Маврово 15, Охрид 19, Битола 20, Крива Паланка и Берово 18, Кавадарци 23, Дојран 25.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нула степени. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе