Време

Облачно со засилен северен ветер, од утре сонце

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид и Битола 19, Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 22.

Од утре ќе имаме претежно сончево време со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во пораст - Скопје 21, Маврово 17, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 19, Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24 степени.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе