Време

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени. 

И утре времето ќе биде променливо облачно, доцна попладне и кон крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На планините на запад и север ќе врне снег, а на северот преку ноќта снег ќе има краткотрајно и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Долж Повардарието повремено ветерот ќе биде засилен. Дневните температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе