Време

Облачно со умерен северозападен ветер, од утре снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд кој понекаде ќе поминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север утре попладне и во петок ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец поизразен утре и потоа во петок и сабота.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе