Време

Облачно со температури до 14 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, информираат од УХМР.

Според мерењата во 7 часот утрово, најмногу дожд во 24 часа е наврнат во Берово, 11 литри на квадратен метар, 7 во Пожаране, 5 во Охрид и Маврово, 4 литри воден талог има во Попова Шапка и Лазарополе, 3 во Тетово, Виница и Крушево, 2 во Дојран, Струмица, Ѓуриште и Претор и 1 литар на квадратен метар во Куманово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Крива Паланка.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе