Време

Облачно со сончеви периоди, во текот на ноќта дожд

Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје, Битола, Крива Паланка и Берово 9 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 8, Кавадарци 11, Дојран 13.

Утре претпладне облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Попладне врнежите ќе престануваат, а во некои делови ќе има и намалување на облачноста. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 8, Битола и Охрид 9, Маврово 3, Берово 4, Крива Паланка 5, Дојран 9 степени.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе