Време

Облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 Целзиусови степени. Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе