Време

Oблачно со сончеви периоди, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засиер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени.

Во Скопје,  променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе