Време

Oблачно со сончеви периоди и јужен ветер

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди и со максимални температури од 12 до 22 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне в долж Повардарието засилен, ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Mаврово 12, Oхрид 14, Битола и Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 22.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. В петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и силен ветер. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе