Време

Облачно со сончеви периоди

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. Маврово и Берово 25, Охрид 27, Битола 29, Кррива Паланка 26,  Кавадарци 30, Дојран 33.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер, а потоа следува претежно стабилен период во кој температурата нема многу да се менува.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе