Време

Облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе