четврток, 18 април 2024

Џоломарите од Бегниште со помош на државата и општината ќе го промовираат џоломарството

Џоломарите од кавадаречкото село Бегниште добија пари од општината и државата за промовирање на џоломарството како долгогодишна традиција во овој крај.

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за стар ритуал, со ќулафки, грпки, исцрнети лица, клопотарци и бастуни, се бркаат лошите духови и се прави место за добрите нешта. Општината ни доделува пари врз основа на програмата за развој на невладиниот сектор. Поддршка добивме и од Министерството за култура, согласно конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2024 година“, појасни попладнево претседателот на џоломарската група Орданче Лазаров за МИА.

Тој нагласи дека расте интересот кај домашни и странски туристи да бидат дел од традицијата на регионот и да ја почувствуваат магијата на џоломарството. Истовремено, џоломарската група има свои настапи на бројни карневали во земјава и странство. Неодамна настапија во Бугарија и Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ