Време

Oблачно со северен ветер, од четврток потопло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 Целзиусови степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Како што прогнозира УХМР, утре изутрина ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови. 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе