Време

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Mаксималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 10, Битола 9, Крива Паланка и Берово 7, Кавадарци и Дојран 11.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 11 степени.

И в недела ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 12 до 18 степени.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе