Време

Облачно со повремени врнежи од дожд и силен ветер

Денеска ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд , а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од еден до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје  ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени. Во Маврово 9, Охрид, Крива Паланка и Берово 7, Битола 11, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локлна облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од6 до 14 степени.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе