Време

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе