Време

Облачно со повремени поројни врнежи од дожд проследени со засилен ветер

Времето во земјава ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 6 степени.
И во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во северните и северозападните делови на места поројни, проследени со засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.
 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе