Време

Oблачно со повремен пороен дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 Целзиусови степени. 

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Утре претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе