Време

Oблачно со повремен попладневен пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места претежно во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови попладне за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе