Време

Облачно со повремен дожд и ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време на викендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури.

Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе