Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала, а попладне со зголемена облачност. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 13 степени.
До вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе почнат попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.