Време

Облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 16 до 22 Целзиусови степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе