Време

Oблачно со повремен дожд

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град.

Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 14, Охрид и Крива Паланка 19, Берово 18, Битола 21, Кавадарци 24, Дојран 25.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец. Помалку врнежи ќе има во недела. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе