Време

Облачно со повремен дожд

Денеска времето во целата земја ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Врнежите од изутрина ќе се преместуваат кон исток каде што ќе се пообилни и ќе завршуваат.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола и Крива Паланка 16, Кавадарци 18, Берово 12, Дојран 19 степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во Скопје 18, Маврово 10, Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 19, Крива Паланка 17, Берово 14, Дојран 20.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и дневни темеператури од 16 до 21 степен. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе