Време

Облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Утринската температура ќе се движи од седум до  15, а  дневната од 13 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе