Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 5 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени. Маврово 5, Охрид 9, Битола и Крива Паланка 10, Берово 7, Кавадарци 12, Дојран 14.
И во недела претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. За време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.