Време

Облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови. На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде околу пет, а максималната ќе достигне до 15 степени. Маврово 5, Охрид 10, Битола 16, Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 16, Дојран 18.

Во среда и четврток ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе