Облачно со локален пороен дожд, од утре промена на времето

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и засилување на ветерот, како и ретка појава на грмежи. Во Скопската Котлина со повремен дожд и умерен до засилен ветер. Во текот на ноќта атмосферата постепено ќе се стабилизира.

Температурата денеска беше највисока во Гевгелија – 27 степени, во Скопје-Зајчев Рид и во Скопје-Петровец и во Демир Капија – 26, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола и Штип – 25, Струмица и Претор 24, Берово, Крива Паланка и Виница – 23, Маврово – 19, Крушево – 18 и Попова Шапка 13 степени.

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 15 л/м2, во Штип шест, во Берово четири, во Попова Шапка два и еден /м2 во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка, Пожаране, Битола и Струмица.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од УХМР најавуваат дека утре ќе има стабилизирање на времето, а во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе