Време

Облачно со локален дожд и температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 13 степени. Маврово 5, Охрид 7, Битола 5, Крива Паланка и Кавадарци 12, Берово 8, Дојран 11 степени.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе