Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Маврово 2, Охрид 8, Битола 12, Крива Паланка 11, Берово 9, Кавадарци 16, Дојран 18.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен слаб дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 16 степени.